Обезбедување 5000 живото-спасувачки сензори за континуирано мерење на гликемии(CGM) и 3000 инсулински пумпи за лица со дијабетес во Северна Македонија
Mario Mijatovic 0

Обезбедување 5000 живото-спасувачки сензори за континуирано мерење на гликемии(CGM) и 3000 инсулински пумпи за лица со дијабетес во Северна Македонија

520 people have signed this petition. Add your name now!
Mario Mijatovic 0 Comments
520 people have signed. Add your voice!
52%
Maxine K. signed just now
Adam B. signed just now

БАРАЊЕ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ ВО СОБРАНИЕ НА РС МАКЕДОНИЈА

- ВЛАДАТА НА РСМ,

- МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО И

- ФЗОСМ

Обезбедување живото-спасувачки сензори за континуирано мерење на гликемии (CGM) за 5000 лица и инсулински пумпи за 3.000 лица со дијабетес во Северна Македонија

Сојуз на здруженија на лица со дијабетес Македионија (СЗДСМ) ги повикува СИТЕ ПРАТЕНИЦИ во Собранието, како и креаторите на здравствените политики во Владата, да му дадат приоритет на здравјето на над 3.500 граѓани кои живеат со тип 1 дијабетес (Т1Д) во РС Македонија, како и на околу 2.000 лица со тип 2 дијабет (Т2Д) со здравствени компликации од високите нивоа на шеќер во крвта. Сојузот ги повикува сите парламентарни групи и пратеници во Собранието на Р.С. Македонија, да ги усвои амандманите за одвојување на дополнителни средства за набавка на сензори за континуирано мерење на гликемии (CGM), како и за инсулински пумпи за да се осигура дека секое лице со T1Д и Т2Д со компликации има пристап до новите технологии кои спасуваат животи.

ТЕКОВНАТА СОСТОЈБА НА ГРИЖАТА ЗА ДИЈАБЕТЕСОТ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Северна Македонија се соочува со предизвици во грижата за дијабетесот, вклучително и ограничен пристап до современи помагала за следење на вредностите на шеќерот во крвта, како и до соодветни третмани. CGM сензорите и инсулинските пумпи се критично важни за управување со дијабетесот. Во моментов се обезбедуваат CGM сензори за само 18.5% од вкупниот број на лица со тип 1 дијабетес и за само 6% од Т1Д има обезбедено инсулински пумпи. Ова остава илјадници пациенти со тип 1 дијабетес и со тип 2 дијабетес со компликации да не можат да имаат корист од благодетите на овие нови технологии.

ЗОШТО CGM СЕ ОД СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ?

Ако се направи т.н Cost-Benefit анализа (Анализа на трошоците во однос на придобивките) за обезбедување CGM сензори за лица со дијабетес тип 1 и за лицата со тип 2 дијабетес со компликации, ќе се заклучи дека долгорочните финансиски придобивки од користење на CGM сензорите ја надминува повеќекратно почетната инвестиција во смисла на подобрени здравствени резултати и намалени вкупни трошоци за здравствена заштита. Анализата е структурирана околу следните клучни области:

ПРЕВЕНЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИ КОМПЛИКАЦИИ.

CGM сензорите им помагаат на луѓето со дијабетес тип 1 да одржуваат подобра контрола на гликозата во крвта, значително намалувајќи го ризикот од компликации поврзани со дијабетес, како што се ретинопатија, невропатија, бубрежна инсуфициенција и кардиоваскуларни заболувања. Овие компликации се скапи за лекување на долг рок и често бараат хоспитализација, итна помош, хируршки интервенции и долготрајна рехабилитација.

ДИРЕКТНИ ЗАШТЕДИ ВО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА

Со обезбедување на CGM, раното откривање и интервенција може да ја спречи потребата за поскапи третмани, намалувајќи го долгорочниот товар на националниот буџет за здравствена заштита.

Дополнително секое лице со дијабетес кое ќе дојде до сериозна компликација, престанува да создава вредност во општеството, бидејќи повеќе не може да работи, и од придонесувач кон буџетот, станува лице кое го троши буџетот како лице со инвалидитет или болно лице.

ПОВИК ЗА АКЦИЈА ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ВО СОБРАНИЕТО НА РС МАКЕДОНИЈА

Сојуз на здруженија на лица со Дијабетес на Македонија ги повикува парламентарците од сите парламентарни групи да изгласаат:

1. Зголемување на буџетот за 2025 за помагала за лицата со дијабетес согласно членовите 9 и 11 од Законот за здравствена заштита и тоа за:

a. обезбедување финансирање на сензори CGM за 5.000 лица со дијабетес,

b. Обезбедување финансии за обезбедување инсулински пумпи за 3.000 лица со дијабетес

и тоа со зголемување на предвидените средства од буџетот за 2025 во Раздел 19001 Министерство за здравство во Програма 6, во Потпрограма 67 Обезбедување на инсулин за инсулино - зависни пациенти во РСМ, во првата потколона од колоната „Расходи на основен буџет за 2025 година“, во ставката 423 .

УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПОЛИТИКИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Усогласувањето на политиките на Северна Македонија со меѓународните стандарди ќе обезбеди правична здравствена заштита за сите нејзини граѓани. Сите земји на Европската Унија, како и во регионот (Босна и Херцеговина, Србија и Косово) обезбедуваат CGM Сензори и инсулински пумпи како иновативни помагала за инсулинско зависните лица со дијабетес. Нашата држава мора да го стори истото за да ги поддржи своите граѓани и да ја исполни својата заложба за универзална здравствена заштита

ГЛАС ЗА ПРОМЕНА НА СОСТОЈБАТА

Потребен ни е глас за промена во пристапот на менаџирање на шеќерот во крвта на лицата со дијабетес, од секој пратеник во Македонското собрание. На различен начин, најмалку 500.000 граѓани од сите провиниенции во нашата држава се засегнати со дијабетесот и неговите последици. Направете да се гордееме со тоа што сите заедно се грижиме за иднината на нашите граѓани.

„CGM сензори и инсулински пумпи не се луксуз - тие се неопходност за оние поединци кои живеат со Т1Д и оние со Т2Д кои имаат здравствени компликации. Парламентот има единствена можност да го подобри животот, да спречи здравствени компликации и да ги намали трошоците за здравствена заштита преку оваа едноставна, но трансформативна инвестиција“, рече Диме Велев, претседател на СЗДСМ.

Share for Success

Comment

520

Signatures